Путин посетил ранети војници од фронтот во Украина, им ветил помош

од Nikola Popovski

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средата попладне ја посети Централната воена клиничка болница „П.В. Мандрика„ во Москва каде се лекуваат ранетите војници, кои биле дел, од како што велат, „специјалната операција“ во Украина.

-Путин разговарал со војниците, се заинтересирал за нивните семејства и ја ветил сета потребна помош по напуштањето на болницата, објавија од Кремљ.

Руското Министерство за одбрана планира да обезбеди работни места за своите војници и офицери во своите структури, па некои од нив ќе бидат преквалификувани.

-Ќе бидат обезбедени и семејствата на загинатите војници и офицери, а нивните деца ќе добијат стипендија за завршување на училишта и факултети, пренесува РИА Новости.

По посетата на ранетите, Путин разговарал со лекарите и другиот медицински персонал. Путин бил придружуван од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Слични содржини