Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на нафта за земјите кои воведоа ограничување на цената на руската нафта.
Во уредбата се наведува дека оваа мерка ќе стапи на сила од 1 февруари следната година и ќе трае до 1 јули.
Во текстот се посочува дека претседателот може да даде посебна дозвола за испорака на нафта и нафтени деривати на земјите кои воведоа ограничување на цената на руската нафта.