Рускиот претседател Владимир Путин во вчерашниот говор им оддаде почит на пилотите кои загинаа за време на бунтот на „Вагнер“. На тој начин, тој потврди дека руските пилоти загинале во борба додека групата платеници на „Вагнер“ марширала кон Москва.
„Храброста и самопожртвуваноста на паднатите херои-пилоти ја спасија Русија од трагични, разорни последици“, рече Путин.
Нема официјални информации колку авиони или хеликоптери се соборени во таа прилика, ниту пак точно колку пилоти загинале.