Путин повторно чека: Шета низ салата со рацете зад грб, камерата сними бизарна сцена

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин мораше да чека странски претседател за време на самитот во неговиот роден град Санкт Петербург, каде што се обиде да придобие повеќе сојузници.

На видео кое кружи на Интернет, се гледа како Путин го чека египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси околу 20 секунди за време на вториот руско-африкански самит.

Камерата го сними Путин како тивко шета низ ходникот со рацете зад грб и ги распоредува предметите на масата пред да продолжи да чекори, пренесува Newsweek.

Видеото предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а некои истакнаа дека ова не е првпат Путин да чека, откако претходно најмногу доцнел на закажаните средби со странските лидери.

Слични содржини