Путин преку писмо до Павлопулос и Ципрас изразува сочувство и нуди помош за Грција

од desk4
94 прегледи

  Подготвени сме да обезбедиме неопходна помош за справување со последиците од таа катастрофа, пишува

рускиот претседател Владимир Путин во писмото со сочувство за катастрофалните пожари во Грција, испратено до неговиот грчки колега Прокопис Павлопулос и до премиерот на Грција, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во Русија, искрено го делиме жалоста на братскиот народ од Грција. Ве молам да ги пренесете зборовите на поддршка до роднините и блиските на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите повредени.

Подготвени сме да обезбедиме неопходната помош за справување со последиците од оваа катастрофа, пишува во писмото од претседателот на Русија.