Путин пристигна во Калининград, опкружен со НАТО земји: „Преземени се посебни безбедносни мерки“

од Stefanija Kuzmanovska
425 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во ненајавена посета на енклавата Калининград. Неговиот портпарол Дмитриј Песков одговори дека тоа е вообичаена работа на претседателот, на прашањето каква порака носи оваа посета на соседните земји на НАТО.

„Кога претседателот ги посетува регионите на Руската Федерација, тоа не е порака до земјите на НАТО. Ова е главната работа што ја прави претседателот. И главната работа не е тоа што тој испраќа пораки, туку она што го прави долги години, работи на развојот на нашата земја и нашите региони, развојот на економијата, проектите за социо-економски развој“, рече портпаролот на Кремљ.

Путин пристигнал во Калининград денеска попладне. Тој ќе разговара со студентите на Универзитетот Кант по повод Денот на Татјана, ќе одржи средба за развојот на регионот, а ќе се сретне и со гувернерот Антон Алиханов.

Песков појасни дека средбата на универзитетот ќе биде во слободен формат, студентите ќе можат да поставуваат  прашања.

Тој одговори и на прашањето за безбедносните мерки на претседателот за време на патувањето.

„Секаде каде што е во прашање шефот на државата, секогаш се преземаат посебни безбедносни мерки. Секако дека и овој пат беа преземени мерки. Односно, се прави се за да се обезбеди безбедноста на шефот на државата“, заклучи Песков.

Слични содржини