Путин: Ракетниот систем Циркон ќе и биде доставен на армијата во наредните месеци

од Берта Китинска
153 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испораката на хиперсонични ракетни системи „Циркон“ за вооружените сили на Русија ќе започне во наредните месеци.

Првиот носач „Циркон“ ќе биде фрегатата „Адмирал Горшков“, а областа на нејзината служба ќе биде избрана врз основа на интересите на безбедноста на Русија, рече Путин на прославата на Денот на морнарицата, пренесува Спутник.