266
На крајот од посетата на Кина, рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција рече дека се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ.
На прес-конференција, Путин, зборувајќи за неговата посета на Кина, рече дека попатно се сретнал со Вучиќ во Пекинг, пренесува РИА Новости.
„Тој е загрижен поради ситуацијата која се развива во регионот околу Србија. Ја делиме таа загриженост“, рече Путин, без да даде детали.
Вучиќ вчера изјави дека со Путин имал краток разговор во Пекинг, каде што се одржува Самитот „Појас и пат“, но посочи дека немале билатерална средба.