Путин размислува за употреба на нуклеарно оружје, а совети бара од – шаман?!

од Nikola Popovski
119 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, се сретнал со шамани за време на неодамнешните патувања во Сибир и Монголија, но негирал дека разговарал со нив за војната во Украина, соопштиле руски опозиционери, цитирајќи извори блиски до Кремљ.

Неодамнешното патување на Путин во Улан Батор, главниот град на Монголија, беше негова прва посета на земја членка на Меѓународниот кривичен суд откако судот издаде налог за негово апсење минатата година поради присилната депортација на украински деца. Портпаролот на монголската влада рече дека енергетската зависност на централноазиската земја од Москва значи дека таа не може да дејствува по наредба.

Михаил Зигар, основач на ТВ Дожд, опозициски телевизиски канал забранет од Русија, рече дека извори во Москва му кажале дека вистинската причина на Путин за ризичното патување е да се консултира со шамани. Путин направил пауза во регионот Тува во Сибир на пат за Монголија, наводно за да одржи лекција по патриотизам во училиштата.

„Монголија и Тува се сметаат за дом на најмоќните шамани во светот“, напиша Зигар во колумна објавена од германскиот весник „Шпигел“. „Владимир Путин одамна е познат по неговиот посебен однос кон мистицизмот. И тој очигледно го комбинира својот интерес за православниот мистицизам со паганските традиции“.

Тој, исто така, верува дека Путин побарал совет од голем број мистици пред да започне целосна инвазија на Украина во 2022 година. „Сите го уверија во воена победа“, напишал тој. Зигар, кој ја напушти Русија по почетокот на војната, е автор на голем број познати книги за политиката на Кремљ.

Шаманизмот е верување дека некои поединци можат да комуницираат со духовниот свет. Популарен е меѓу домородците на Сибир, како и во Монголија. Путин отпатува во Тува со Сергеј Шојгу, неговиот поранешен министер за одбрана, кој израснал во регионот. „Шојгу беше тој кој прв го доведе Владимир Путин во контакт со шамани“, објавил Зигар.

По патувањето на Путин во Монголија, вели Зигар, во Москва почнаа да се шират гласини дека рускиот лидер побарал благослов од шаман да употреби нуклеарно оружје бидејќи се плашел дека тоа ќе ги „налути духовите“. Неговите извори не го потврдија тоа, рекол тој.

Абас Гаљамов, политички аналитичар и поранешен портпарол на Кремљ, кој сега му се спротивставува на Путин, рече дека добил слични информации од свои извори.

„Освен што наводно барал благослов за користење нуклеарно оружје, Путин го интересирало и прашањето за сопствената долговечност, како и за реинкарнацијата“, напишал Гаљамов на Телеграм.

Ниту Зигар ниту Гаљамов не ги именуваа шаманите со кои се верува дека разговарал Путин.

Сепак, минатата година државните медиуми објавија дека Кара-ул Допчун-ул, кој е познат како врвен руски шаман, побарал од „сонцето, месечината и ѕвездите“ да ги заштитат трупите на Кремљ во Украина.

Гаљамов навел дека средбите со шаманите ги организирал Михаил Ковалчук, близок сојузник на Путин за кој се вели дека им наредил на руските научници итно да развијат лекови против стареење. Ковалчук ​​е шеф на рускиот Институт за нуклеарни истражувања Курчатов и водечки член на Руската академија на науките. Извор од Кремљ неодамна го опишал како „луд по вечниот живот“.

Слични содржини