151
Москва и Минск се договорија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата „Русија 24“.
Тој прецизираше дека изградбата на складиштето ќе биде завршена на 1 јули, пренесе РИА Новости.
Претседателот на Русија посочи дека ќе распоредат оружје без да ги прекршат обврските од договорот СТАРТ.
Според него, причината за таквиот чекор била најавата на Велика Британија дека ќе ја снабдува Украина со муниција со осиромашен ураниум.