400
Русија и Кина ја споделуваат желбата за еднаква, заемно корисна соработка со цел да се постигне долгорочен економски напредок и социјална благосостојба, притоа почитувајќи го правото на секоја земја на сопствен развоен модел, рече рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на форумот „Појас и пат“ во Пекинг.
Путин посочи дека кинеската иницијатива „Појас и пат“ е во согласност со руските идеи за формирање на голем евроазиски простор, каде ќе бидат поврзани различни интегративни процеси, вклучително и Евроазиската економска унија, пренесува РИА Новости.
Според Путин, оваа иницијативата, изградена врз такви основни принципи, добро се вклопува со процесите на интеграција кои се развиваат во различни региони.