Русија ќе продолжи континуирано да испорачува природен гас на светските пазари, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во писмо објавено на Енергетската конференција во Доха, пренесе Ројтерс.
Пораката дојде додека САД и нивните европски сојузници се подготвуваа да објават нови санкции кон Русија, откако претседателот Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск и испрати руски војници во двата региони во источна Украина, се додава во соопштението.
Цената на гасот во Европа денеска порасна за повеќе од 10 отсто по признавањето од страна на Русија на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), пренесува ТАСС, повикувајќи се на податоци на лондонската берза ICE.
Цената на мартовските фјучерси за гас во холандскиот центар ТТФ достигна околу 935 долари за 1.000 кубни метри, или 80 евра за мегават час.