Претседателот на Русија Владимир Путин раскажа детали од настаните во март минатата година, кога како резултат на референдум Крим и се приклучи на Руската федерација.

Во документарниот филм “Крим. Патот кон татковината “, фрагмент од кој го покажа телевизијата” Россија 1 “, тој раскажува, малку пред референдумот била спроведена анкета за да се разбере како ќе се однесуваат граѓаните кон идејата за враќање во составот на Руската Федерација„, пренесе РИА Новости.
“Стана јасно дека оние кои сакаат да се приклучат на Русија беа 75 отсто од населението. Вие разбирате беше одржана затворена анкета, надвор од контекстот на можното пристапување. За мене стана очигледно дека ако ние одиме кон тоа, тогаш нивото или бројот на оние кои тоа би го побарале, за нив ќе биде историски настан ако се случи, и ќе биде многу поголем “, забележува рускиот претседател.
“Се разбира целта беше да им се овозможи на луѓето да го изразат своето мислење за тоа како тие сакаат да живеат понатаму. Си помислив, ако луѓето така сакаат, тогаш така и нека биде. Значи, тие таму ќе имаат поголема автономија, со некакви права, но во составот на украинската држава. Ајде да е така. Но ако побараат друго, тогаш ние не можеме да ги оставиме. Ние резултатите од референдумот го знаевме. И постапија така, како требаше “, вели Путин.
Работата за враќањето на Крим во составот на Русија се вршела со цел локалните жители да не бидат оставени на волјата и на судбината “, под волјата на националистите” по настаните на Киевскиот Мајдан, раскажува претседателот на Русија Владимир Путин во документарниот филм “Крим. Патот кон татковината “, дел од кој покажа телевизија” Россия 1 “, пренесе РИА Новости.
“На сите свои колеги, а тие беа четворица, реков дека ситуацијата се развива на таков начин во Украина, дека ние сме принудени да ја започнеме работа за враќањео на Крим во составот на Русија. Затоа не можеме да ја отфрлиме оваа територија и оние луѓе кои живеат таму, на судбината, под волјата на националистите “, вели Путин