Путин: САД и нивните сојузници треба да работат на обновата на Авганистан

од Берта Китинска
233 прегледи

САД и нивните сојузници треба да работат на обновата на Авганистан, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со туркменскиот претседател Сердар Бердимухамедов.

„Цврсто сме убедени дека главните обврски за обновата на Авганистан, пред се финансиските, треба да ги преземат САД и нивните сојузници, чие 20-годишно присуство ја доведе оваа земја до критична точка“, нагласи рускиот лидер. пренесува РИА Новости.