Путин: Сакаме да ставиме крај на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на БРИКС во средата изјави дека Русија сака да стави крај на војната во Украина, велејќи дека таа е „предизвикана од Западот и неговите сателити“.

Во видео-обраќањето до лидерите на БРИКС, кои не ја осудија руската инвазија на Украина, Путин повтори дека бил принуден на војна поради акциите на Киев и Западот.

Украина и Западот тврдат дека руската инвазија е империјалистичко грабање земја.

Путин лично не дојде на самитот, кој се одржува во Јоханесбург, бидејќи му се заканува апсење врз основа на налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Во март МКС издаде налог за негово апсење за воено злосторство илегално депортирање деца од Украина во Русија.

„Само една работа ги диктира нашите акции во Украина, а тоа е да се стави крај на војната предизвикана од Западот и неговите сателити против луѓето што живеат во Донбас“, рече Путин, мислејќи на источниот дел на Украина каде што се борат проруските сепаратисти против украинската армија од 2014 година.

 

„Сакам да напоменам дека желбата да се зачува нивната хегемонија во светот, желбата на некои земји да ја зачуваат таа хегемонија, доведе до тешка криза во Украина.

Русија постојано вели дека е отворена за разговори за ставање крај на 18-месечната војна, но само доколку се земат предвид ‘новите реалности’ создадени од руските сили кои контролираат речиси една петтина од Украина.

Украина бара враќање на целата нејзина територија и заминување на руските сили.

Путин, исто така, рече дека Москва ќе го искористи своето претседавање со БРИКС следната година за да ја зајакне улогата на групата во светот како противтежа на глобалната доминација на САД.

Самитот на БРИКС ќе се организира во Казан во октомври 2024 година, рече тој.

Зајакнувањето на БРИКС е дел од руската визија за поткопување на американската доминација и градење, според зборовите на Путин, „мултиполарен светски поредок“.

Слични содржини