Путин се огласи по гранатирањето на Киев и испрати жестока закана до Украина

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Во случај Украина да продолжи со терористички дејствија, Русија силно ќе одговори, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната седница на Советот за национална безбедност.

Тој откри и дека цел на денешниот масовен напад на Украина биле воени објекти и електрични мрежи.

„Злосторствата на режимот во Киев не можат да останат без одговор“, подвлече рускиот лидер, мислејќи на неодамнешната експлозија на Кримскиот мост.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека Русија ги темпирала ракетните напади за денеска, за да предизвика што е можно повеќе загуби кај граѓаните, а целела и кон енергетската инфраструктура.

„Тие сакаат паника и хаос, сакаат да го уништат нашиот енергетски систем“, рече Зеленски преку видео, на кое се гледа како стои пред претседателската канцеларија, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини