Рускиот претседател Владимир Путин изрази жалење за ескалацијата во Израел, нарекувајќи ја јасен пример за неуспехот на американската политика на Блискиот Исток.
Тој истакна дека средбата со ирачкиот премиер Мохамед ал Судани се одржува во контекст на светската криза.
„Украинската криза продолжува и, за жал, гледаме нагло влошување на ситуацијата на Блискиот Исток. Мислам дека многумина ќе се согласат со мене дека ова е јасен пример за неуспехот на политиката на САД на Блискиот Исток, кои се обидоа да го монополизираат решението, но, за жал, не се занимаваа со изнаоѓање компромиси прифатливи за двете страни, туку, напротив, промовираа свои идеи за тоа како треба да се направи и изврши притисок врз двете страни“, рече Путин.
Тој изјави дека се вршел притисок врз двете страни, понекогаш на едната, понекогаш на другата страна, но дека САД не ги земале предвид темелните интереси на палестинскиот народ.
„Пред се мислам на потребата од спроведување на одлуките на Советот за безбедност на ОН за создавање независна суверена палестинска држава“, нагласи рускиот претседател.