Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва е подготвена да разгледа секакви проекти за гасоводи во Европа, но не верува само на бајки и да бидат потребни претходни гаранции. За време на посетата на Грција Путин истакна дека земјата нема залудно да троши пари.
Рускиот претседател изјави дека притисокот на САД и Европската унија не дозволиле на Бугарија да го изгради својот дел од “Јужен поток” и затоа Москва била принудена да се откаже од проектот. Тој посочи дека се работи за проширување на гасоводот “Северен тек” кон Балтикот и се надева никој да не обиде да спречи овој проект.
Заедно со енергетските теми, рускиот претседател ја коментира и темата за Украина и казните по окупацијата и анексија на полуостровот Крим.
“Русија нема да води никакви преговори со никого за враќање на Крим на Украина”, изјави тој, цитиран од ТАСС, “Ние сметаме дека прашањето е конечно е затворено”.
Зборувајќи за Крим, Путин рече дека се е сетил за руската изрека “Дај Боже нашето теле да го изеде вашиот волк” и повика за темата повторно да не се зборува. Следниот месец се очекува одлука на ЕУ по прашањето за санкциите кои беа наметнати на Русија по анексија на полуостровот. Тој го истакна придонесот на Грција за приближување на Русија и Европската унија, но изрази сомневање дека Атина ќе има сили да ја надмине бриселската бирократија.
На прес-конференцијата со грчкиот премиер Алексис Ципрас Путин изјави дека Москва нема друг избор освен да преземе одмазднички акции против американскиот противракетен штит во Европа. Тој ја предупреди Романија и Полска дека може да се покажат на дофат на Русија.
“Ако довчера луѓето во Романија едноставно не знаеја што значи да бидат под нишан, тогаш денес ние ќе бидеме принудени да преземеме одредени мерки за гарантирање на безбедноста”, рече рускиот претседател и додаде: “Истото важи и за Полска”. Тој не прецизираше какви ќе бидат предметните активности, но посочи дека земјата не презема првиот чекор, а само возвраќа на потезите на Вашингтон.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на поклоничА посета на полуостровот Атос, познат како Света Гора, средиште на бројни манастири на Православната црква, пренесоа американските медиуми.
Путин, кој од вчера е во посета на Грција, пристигна со авион од Атина во Солун, А со автомобил до полуостровот Атос, И потоа се качи на брод – единственото возило со кое може да се стигне до Света Гора.
https://youtu.be/lop1rou1x60
Во Карелија, главниот град на Атос, кој има статус на автономна манастирска заедница во составот на Грција, Путин беше поздравен од 20 игумени на манастири, 20 монаси и претставник на Вселенската патријаршија, под чија надлежност се наоѓа Атон. Рускиот претседател присуствуваше на служба во негова чест, за време на која седеше на епископски престол.
Во краток одговор на честитки Путин заблагодари на Грчката православна црква за нејзината улога во промовирањето на добрите односи меѓу Грција и Русија.
“Атон е извор на морални одлики во општеството”, рече Путин, и се заблагодари за гостопримството при неговата втора по ред посета на Света Гора.
По службата рускиот претседател разговараше со грчкиот колега Прокопис Павлопулос во зградата на Светиот Кинотис (управата на Атон).
Подоцна Путин ќе оди во манастирот Свети Пантелејмон, во кој живеат 70 руски, украински и други православни монаси. Таму тој ќе учествува во прославата на 1.000 години од присуството на руски монаси во Атон.
Во врска со посетата на Путин на Атон беа преземени невидени мерки за безбедност. Покрај големата лична стража на претседателот на полуостровот се распоредени голем број грчки полицајци и припадници на крајбрежната стража, а по маршрутата на Путин беа распоредени и снајперисти. Секакви поклонички посети на манастирот Свети Пантелејмон се забранети веќе две недели.
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил пристигна во Света Гора во петокот, за да учествува во прославата на годишнината.
