Путин се сретна со Хабиб, го поздрави за одбраната на титулата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, доби лични честитки од рускиот претседател Владимир Путин, кога се сретнаа во четвртокот.

Веднаш штом слета во Русија по неговата победа над Дастин Порие, Хабиб и неговиот татко седнаа заедно со Путин и Владимир Василиев, кој е на чело на Република Дагестан.

„Сакам да ви честитам. Тоа беше пристојна битка против силен ривал“, му рече Путин на Нурмагомедов.

Како одговор на тоа, борецот му оддаде почит на Пори и повторно ја покажа почитта, што ја покажа веднаш по битката.

„Да, противникот беше силен. Овој пат се борев против лице кое ме почитуваше“, рече Нурмагомедов.

Слични содржини