Нови детали се појавуваат од вчерашното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, кој се сретна со младите претприемачи од неговата земја.
„Железната завеса“, и покрај санкциите од Западот, нема да падне врз руската економија“, рече Путин.
Запрашан за можна соработка со Кина и Индија поради „затворањето“, Путин рече дека економијата таму ќе остане отворена.
„Нема да имаме затворена економија, ја немавме и нема да ја имаме“, рече рускиот претседател.
„Немавме затворена економија, односно имавме во советско време, кога се отсековме и ја создадовме таканаречената „железна завеса“, ја создадовме со свои раце. Нема да ја повториме истата грешка – нашата економија ќе биде отворена“, рече тој.