Путин: Сите руски вакцини против ковид-19 се ефикасни

од Берта Китинска
305 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека сите руски вакцини против ковид-19 се ефикасни, додавајќи дека земјата наскоро ќе регистрира трета вакцина против вирусот, објави новинската агенција РИА.

Русија ја воведува својата вакцина Спутник V во домашна употреба, и покрај фактот дека испитувањата во доцните фази сè уште не се завршени, и во вторникот изјави дека тие се ефикасни над 90%, по претходните коментари на производителите на вакцини Pfizer Inc и BioNTech, кои истот го тврдат дека: “Веќе има две регистрирани вакцини. И студиите кои  покажаа и потврдија дека, прво, овие вакцини се безбедни и немаат сериозни несакани ефекти по употребата, и второ, сите се ефикасни”, рече Путин преку видео конференција за самитот на Шангајската организација за соработка (СЦО).

Ефективноста на руската вакцина се заснова на собрани податоци за спроведената јавна вакцинација, а не на испитување кое сè уште трае.

Путин исто така рече дека Москва е подготвена да соработува за вакцините против коронавируси и се согласи со пакистанскиот премиер Имран Кан дека вакцините мора да бидат широко достапни за целото човештво, објави ТАСС. „Предлагаме да не се политизираат овие процеси, имајќи предвид дека тоа се лекови што денес им се потребни на луѓето ширум светот, без никакво претерување “, рече тој.

„Ние сме подготвени да работиме со сите земји во светот и, се разбира, со нашите партнери во рамките на СЦО.

Русија во вторникот објави 20.977 нови инфекции со коронавируси и 368 смртни случаи.Со 1.817.109 заразени, земјата е петта во светот според вкупниот број случаи, зад САД, Индија, Бразил и Франција.