Путин следната недела во ОАЕ

од desk2
240 прегледи

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин во вторник ќе дојде во државна посета на земјата.

Во соопштението, кое го пренесе државната агенција се наведува дека Путин ќе разговара со престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Заед ал-Најани.

Посетата доаѓа во време на зајакнати тензии во регионот на Персискиот залив меѓу Иран и САД со сојузниците.