Американски функционер за „NBC“ изјави дека поради неуспехот на руската армија во Украина растат тензиите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и воените команданти, односно Министерството за одбрана.
Рускиот претседател, тврди американскиот функционер, смета дека војската го „измамила“ во извештаите за специјалната операција во Украина. Официјалниот претставник додаде дека информациите за руските загуби, но и за влијанието на западните санкции, не стигнуваат до Путин бидејќи „неговите советници не се осмелуваат да му ја кажат вистината“.
– Има тензии меѓу Путин и Министерството за одбрана поради недовербата на Путин кон раководителите на министерството, рекол функционерот.
More: “We have information that Putin felt misled by the Russian military. There is now persistent tension between Putin and the Ministry of Defense stemming from Putin’s mistrust in MOD leadership.” https://t.co/om3rbHiOwb
— Ken Dilanian (@KenDilanianNBC) March 30, 2022
Функционерот додава дека Путин не знаел дека неговата армија „користи и губи регрути во Украина, што покажува јасен проблем во протокот на точни информации до рускиот претседател“.
Доколку оваа информација се покаже како основана, може да ги објасни разликите во изјавите на некои руски министри и функционери, кои се повеќе зборуваат за преговори со Украина, и самиот Путин, кој се уште остава впечаток на човек кој не сака да направи компромиси, јавува „Скај Њуз“.