Путин снимен со нуклеарна актовка: Го привлече вниманието на јавноста (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца мажи кои го придружуваа рускиот претседател Владимир Путин на форумот во Пекинг носеа актовки за кои се верува дека служат за активирање на нуклеарен напад.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе два дена е во Кина, каде што учествува на на форум. Тој денеска се сретна и со својот кинески колега Си Џинпинг.

Додека одел на состанокот, го следеле двајца мажи кои во рацете носеле актовки, за кои се верува дека се „нуклеарни актовки“, пренесува „Ројтерс“.

Руската нуклеарна актовка, позната како чегет, традиционално ја носат вработените во руската морнарица. Актовката е постојано кај Путин, но новинарите ретко успеваат да ја фатат на камера.

„Ниту едно патување на Путин не е комплетно без одредени торби“, пишуваат дописниците.

Актовите не можат да се користат за директно лансирање нуклеарно оружје, туку служат за потврда на Генералштабот дека претседателот издал наредба.

По средбата, кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на рускиот претседател Путин дека „политичката взаемна доверба“ меѓу нивните земји „постојано се продлабочува“, објавија државните медиуми во Пекинг.

Слични содржини