Путин со обожаватели во Дагестан, бакнуваше дами (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во градот Дербент, а беше пречекан од ентузијастичка толпа. Инаку, Дербент е најјужниот град во Русија, а воедно и трет по големина град во Руската Република Дагестан.

Како што може да се види од видеата кои кружат на социјалните мрежи, Путин се ракува со толпа воодушевени граѓани, од кои некои дури се фотографираа со него. Згора на тоа, една госпоѓа меѓу насобраните граѓани толку многу го развеселила претседателот на Руската Федерација што тој ја бакнал во челото за време на фотографирањето.

Аналитичарите и голем број западни лидери рекоа дека Путин е ослабен од бунтот во Русија минатиот викенд и најверојатно ќе сака да покаже дека сè уште е популарен кај својот народ.

Очигледно, Дагестан е едно од местата каде што рускиот претседател реши да си го „проба“ имиџот.

Сепак, не се сите толку сигурни дека токму Путин толку невнимателно влетал во толпата и ги гушкал луѓето. Некои корисници на Твитер веруваат дека озлогласениот параноичен руски лидер никогаш не би ризикувал близок контакт со луѓе (или поради страв од напад, или поради страв од вирус – да се потсетиме на неговата целосна изолација за време на пандемијата на Ковид).

Затоа, се шпекулира дека меѓу народот всушност бил дублер на Путин, еден од неколкуте кои според непотврдени гласини ги користи рускиот претседател.

Слични содржини