Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во 19 часот ќе одржи итен состанок. На средбата ќе присуствува целото раководство на државата.
Како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател Владимир Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели општеството.
„Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучително и надворешно информативно влијание“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Да потсетиме, група луѓе предизвикаа нереди при слетувањето на авионот од Тел Авив, но аеродромот остана привремено затворен, соопшти руската Федерална агенција за воздушен транспорт Росавијација.
Уапсени се 60 лица.