Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека третата рунда разговори меѓу Русија и Украина е закажана за овој викенд, се наведува во извештајот на германскиот канцелар, кој беше објавен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете држави во петокот.
Досега се одржаа две средби на територија на Белорусија. Додека на првата не беше договорено речиси ништо, во текот на вчерашниот ден на втората рунда преговори, двете страни се договорија за формирање на безбедносни хуманитарни коридори.
Засега се уште нема некаква најави дека двете страни ќе се договорат за прекин на огнот.