Путин тргнува на Естонија?

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Естонската разузнавачка служба денеска соопшти дека верува оти Русија сè уште има сила да изврши „веродостоен воен притисок“ врз балтичкиот регион.

Воен напад врз Естонија е малку веројатен во 2023 година, бидејќи руските воени капацитети се ангажирани во Украина, соопшти естонската служба во својот годишен извештај, пренесува Ројтерс.

Во извештајот се додава дека „на среден и долг рок, руската воинственост и надворешнополитичките амбиции значително го зголемија безбедносниот ризик за Естонија“.

„Планот на Русија да спроведе големи воени вежби на западните граници две години порано од првично планираното дополнително ја влошува безбедносната ситуација во балтичкиот регион оваа година“, се вели во извештајот.

Членките на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија значително ги зголемија трошоците за одбрана како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година и нападот врз Украина минатата година, наведува Ројтерс.

Слични содржини