Путин тврди дека ќе ги собори американските ракети Патриот: „Тоа е застарен систем, секогаш има противотров“

од Radmila Tasevska

Од Кремљ велат дека американското доставување ракети „Патриот“ на Украина нема да ја спречи Русија да ги постигне своите воени цели.

Владимир Путин вели дека американското оружје е старо и додава дека руските ракетни системи ќе можат да го соборат. ПВО Патриот е застарена“. Противотровот секогаш ќе се најде … Русија ќе го урне системот Патриот“, рече тој во четвртокот.

Рускиот претседател изјави дека „сите вооружени конфликти завршуваат со преговори“ – имплицирајќи дека Украина на крајот ќе биде принудена да отстапи територија во замена за мир. „Колку побрзо ова му стане јасно на Киев, толку подобро“, додаде тој.

За време на неговото прво патување во странство од почетокот на инвазијата во февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски пркосно се обрати на заедничката седница на американскиот Конгрес. Тој рече дека неговата земја никогаш нема да ѝ се поклони на руската агресија и дека континуираната поддршка на Белата куќа е клучна за конечната победа, пишува Гардијан.

Слични содржини