Денеска, на почетокот на разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување дека нејзината посета на Москва не само за збогум, туку и значајна во деловна смисла.
– Одржуваме постојан контакт по телефон, но има многу прашања за кои треба да се разговара лице в лице. Сигурен сум дека ова не само ваша проштална посета откако одлучивте да не се кандидирате за нов мандат, туку и посета исполнета со сериозни деловни содржини – му рече Путин на гостинот.
Тој посочи дека Германија останува еден од главните економски партнери на Русија во Европа и светот, пренесе ТАСС.
Оцени дека работата на руско-германските билатерални механизми, групи и форуми, како што е „Годината на Германија во Русија“, е посветена на економскиот развој.
Германија има намера да продолжи да одржува контакти со Русија, и покрај постојните разлики, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел пред разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
– И покрај фактот дека имаме различни мислења, добро е што разговараме едни со други. Имаме намера да продолжиме да одржуваме контакти и да разговараме едни со други – рече Меркел, пренесе ТАСС.
Канцеларката потсети дека нејзината посета се случува на 80 -годишнината од нападот на нацистичка Германија врз СССР.
– Мора да се каже дека пред 80 години, нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз, а по повод оваа годишнина, јас положив венец на Гробот на непознатиот херој – рече Меркел.
Истакна дека Русија и Германија „имаат за што да разговараат“, а меѓу темите, според неа, се кризата во Авганистан, трговските односи и прашањата за билатералната соработка.
Таа додаде дека разговорот ќе го вклучи и граѓанското општество и непрофитните организации.
Како што претходно беше соопштено од Кремљ, двајцата лидери ќе разговараат за состојбата и иднината на билатералната соработка во различни сфери, како и за голем број горливи меѓународни и регионални прашања.