„Путин убива деца“, „Путин фашист“,„Мир во Украина“ ….Протест против инвазијата на Русија во Украина

од Берта Китинска
338 прегледи

„Путин убива деца“, „Путин фашист“,„Мир во Украина“…беа дел од паролите кои Украинците во Македонија ги извикуваа на протестот за да изразат поддршка на своите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад.Тие од плоштадот „Македонија“ се упатија пред Руската амбасада.

-Да кажеме СТОП за војните во 21 век. Да кажеме СТОП за трета светска војна и НЕ за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина, најавија тие денеска пред почетокот на протестот.

Една од говорничките посочи дека граѓаните во Киев се засолнуват во метро и дека преку насислтво не се решаваат работите.

-Луѓето се засолнуваат во метро, ракетите не паѓаат само во воените обејкти.Тенкови газат живи луѓе и ова е наслство, кажа дена од говорничките.

Тие низ солзи раскажаа што се случува во Украина, каде се уште се наоѓаат нивните семејства и пријатели.

Еден од демонстрантите, Кујтим Османи од Скопје порача дека е спремен 2-3 семејства – бегалци од Украина да прими во својот дом.

-Сакам сите Македонци да знаат што прави Путин во Украина, пред пола час бомбардирана градинка и тука сме со мојата роднина, имаме две деца тука и сакам моите колеги и пријатели да знаат што прави Путин, порача еден од присутните на протестот.