Колонијализмот се уште не исчезнал, неговите остатоци се видливи и денес, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој зборуваше на првата пленарна седница на вториот ден од Самитот Русија-Африка кој се одржа во Санкт Петербург.
Заемно корисната соработка меѓу Русија и Африка започна во минатиот век, кога СССР им помогна на африканските земји во борбата против колонијализмот, нагласи тој.
„Заедно се бориме за новата архитектура на светскиот поредок и централната улога на ОН во светот“, додаде Путин.
Не случајно вториот самит на Русија и Африка се одржува под слоганот „За мир, безбедност и развој“, рече претседателот и додаде дека на самитот ќе се разговара за прашања од глобалната и регионалната безбедност, како и за обезбедување на суверенитетот на африканските земји.
Рускиот претседател нагласи дека за суверенитетот мора да се бори, да се брани и да не се откажува и дека Русија и африканските земји се обединети во тоа.
„Не ме осудувајте врз основа на моите успеси, туку врз основа на тоа колку пати сум паднал и станав повторно“, ја цитираше Путин изјавата на Мандела и додаде дека ова правило важи и за борбата за државен суверенитет.
„Нема предавање“, нагласи тој.