Путин: Велат дека во Косово е пролеана крв, a што беше тоа во Донбас – вода?

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Крвта што беше пролеана во Донбас не е вода, па да може Русија да замижува на тоа, изјавил вчера рускиот претседател Владимир Путин во разговор со уредниците на светските медиуми на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

– Поранешната канцеларка Ангела Меркел еднаш ми кажа дека во Косово дејствувале без Советот за безбедност, бидејќи таму се леела крв осум години… А овде, кога осум години се лееше крв во Донбас, тоа не беше крв, туку вода?, прашал Путин на средбата со претставниците на медиумите.

Тој потсетил дека, како што вели, трагедијата во Украина почнала со државен удар. Според него, така почнала војната, а Русија не е виновна за тоа.

-Русија се влечеше за нос со договорите од Минск осум години, потсетил Путин.

Првиот чекор во насока на војната во Украина го направија оние кои го поттикнаа крвавиот антиуставен пуч, објаснил рускиот претседател.

-Не нападнавме никого, се браневме, се правдал Путин.

Во разговорот учествуваат претставници на новински агенции од Азербејџан, Белорусија, Казахстан, САД, Узбекистан, Кина, Иран, Велика Британија, Турција, Кореја, Италија, Германија, Јапонија, Шпанија и Франција. Состанокот го модерира генералниот директор на ТАСС, Андреј Кондрашов.

Слични содржини