299
Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на приватната воена компанија „Вагнер“ и на редовната руска армија за заземањето на градот Бахмут во источна Украина, пренесе Ројтерс.
Русија го користи своето име од советската ера Артемовск за Бахмут, забележува Ројтерс.
Во изјавата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека битката за Бахмут завршила со победа на Русија и дека сите оние кои се истакнале за време на борбите ќе добијат државни награди.
„Шефот на државата им честиташе на јуришните групи Вагнер, како и на војниците на воените единици на руските вооружени сили, кои им ја дадоа потребната поддршка и покритие на крилата, за завршувањето на операцијата за ослободување на Артемовск, се вели во соопштението.