Путин: Претседателите на САД се менуваат, а политиката не. Терористичката група “Ал Каеда” се појави благодарение на активностите преземени од САД. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто со режисерот Оливер Стоун, чиј прв дел беше емитуван синоќа, пренесе МИА. “Ал Каеда” – тоа е резултат не на нашите активности, туку на активностите на нашите американски пријатели “, рече тој.

Првиот дел од четиричасовната продукција “Интервју со Путин” започна со расказите на Путин за него, неговото семејство и неговата работа во КГБ. Во епизоди рускиот претседател дава проценки на неговите претходници Горбачов и Јелцин, ја коментира американската политика, тероризмот и СССР. Остатокот од четиричасовниот филм на Оливер Стоун ќе биде прикажан до 15 јуни на кабелската телевизија “Шоутаим”, која е дел од медиумската група CBS – една од најголемите во САД.
Фрагменти од интервјуата сепак веќе протекоа и стана јасно дека освен разговори за односите меѓу САД и Русија, производството покажува како Путин тренира, игра хокеј и го храна со моркови сопствениот коњ, именуван по името на холандскиот физичар Јоханес Дидерик ван дер Ваалс. Оливер Стоун и долгогодишниот соработник продуцентот Фернандо Суличин во текот на две години направија над 10 интервјуа сопретседателот на Русија. Тие добија невиден пристап до рускиот лидер. Последното од низата беше во февруари 2017 година.