Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и белорускиот претседател Александар Лукашенко разговарале во Минск за формирање „единствен одбранбен простор“ во регионот, но ги отфрли тврдењата дека Москва е за „спојување“ со својот сосед.
„Русија не е заинтересирана за никакво спојување, тоа не е изводливо“, изјави синоќа Путин.
Путин отпатува за Белорусија додека руските сили продолжија со воздушното бомбардирање на Украина.
Рускиот претседател рече дека го поддржува предлогот на Лукашенко за обука на екипажот на белоруски воени авиони, веќе модифицирани да користат специјални боеви глави.
Лукашенко му се заблагодари на Путин за ракетите со краток дострел Искандер и системите за противвоздушна одбрана С-400. Тој исто така рече дека земјите се договориле да продолжат со заедничките воени вежби.
Посетата на Путин на Минск, негова прва од 2019 година, доаѓа во време кога украинските власти велат дека стравуваат дека може да се организира руска офанзива врз Киев на почетокот на 2023 година, започната од белоруска територија, повторувајќи го сценариото од почетокот на инвазијата на 24 февруари.