Русија е подготвена да ги пречека сите земји кои сакаат спортски натпревари без дискриминација и вештачки ограничувања, бидејќи нема непријателски земји во светот на спортот, изјавил денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема и не смее да има непријателски земји за Русија“, рече Путин на средбата со руските освојувачи на олимписки и параолимписки медали, пренесува ТАС С.
Путин додал дека неговата земја ги поздравува сите оние кои се залагаат за спорт без дискриминација и го осуди суспензијата и протерувањето на руските спортисти од меѓународните натпревари.
Рускиот претседател особено ја истакна деветмесечната суспензија на Светската пливачка федерација на рускиот олимписки шампион во пливање Евгениј Рилов, додавајќи дека руските и белоруските спортисти се соочуваат со дискриминација врз основа на националност.
Минатата недела управното тело на ФИНА го суспендираше Рилов на девет месеци поради присуство на митинг за поддршка на руската воена кампања во Украина, потег што предизвика лута реакција кај Кремљ и руски спортски претставници.