Путин за Горбачов: Имаше огромно влијание врз текот на светската историја

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Советскиот лидер Михаил Горбачов имаше „огромно влијание врз текот на светската историја“ и најде „свои решенија за итни проблеми“, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Изразувајќи го своето сочувство до неговото семејство, Путин во изјавата рече дека Горбачов „ја водеше нашата земја во период на сложени, драматични промени, големи надворешни политички, економски и социјални предизвици“.

– Тој длабоко разбра дека се неопходни реформи, се обиде да понуди свои решенија за итните проблеми – рече Путин во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ.

Путин ги истакна и добротворните и едукативните активности што Горбачов ги спроведува во последните години.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одделно го опиша Горбачов како „уникатна личност која засекогаш ќе остане во историјата на нашата земја“.

Горбачов почина на 92-годишна возраст во вторникот вечерта по долго и тешко боледување.

Тој ја доби Нобеловата награда за мир во 1990 година за неговото застапување на мировниот процес меѓу Советскиот Сојуз и западните земји.

Слични содржини