Путин за изјавите на Бајден за напад врз НАТО земји: „Целосна глупост и бесмислица“

од Vladimir Zorba

Русија нема проблеми со земјите од НАТО, тие се оние кои вештачки создаваат проблеми, тие не сакаат конкурент како Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за телевизијата „Русија 1“, тој рече дека НАТО е „предворје на САД“ и дека САД се сопственик на таа воена организација.

Според него, изјавите на американскиот претседател Џозеф Бајден за можен руски напад врз земјите од НАТО се „целосна глупост и бесмислица“.

Слични содржини