354
Загубите на Украина во текот на контраофанзивата во споредба со загубите на руската војска се приближно осум спрема еден, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Тие рекоа дека ќе ја поразат Русија и ќе победат на бојното поле, дека стратешки ќе ја поразат Русија. Започнаа активни воени операции, таканаречена контраофанзива. Тоа трае од 4 јуни. Се уште нема резултати, загубите се огромни – приближно еден спрема осум“, рече Путин во интервју за China Media Corporation, чиј текст беше објавен на веб-страницата на Кремљ.
Тој додал дека Русија на преговорите во Истанбул изразила подготвеност мирно да го заврши конфликтот, истовремено обезбедувајќи ги своите легитимни интереси, пренесува „Интерфакс“.