Западните земји планираат „да ја поразат Русија на бојното поле“, но ние ги натеравме да пеат друга песна, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Од воена гледна точка, овде станува збор за потребата да се победи Русија на бојното поле. Сега тие пеат друга песна. Тоа не значи дека треба да се однесуваме агресивно, но значи дека треба да бидеме суверени и независни во секоја смисла на зборот“, рече Путин.
Тој додаде дека „колку е посилна Русија, толку помалку нејзините противници ќе се обидуваат да ја исклучат од меѓународните организации“.
„Колку сме посилни – економски, воено, во домашната политика – толку помалку луѓето ќе се обидуваат да не исклучат од некои организации. Повторно нè исклучија, но се откажаа од нешто – се откажаа од нашите енергетски ресурси. И кој е резултатот?“, праша Путин.
Тој се осврна и на Украина, велејќи дека „Украина има највисоко ниво на корупција во светот“.