Рускиот претседател Владимир Путин за неколку дена ќе се сретне со мајки на руски војници кои учествуваат во жестоките борби во Украина, објави весникот „Ведомости“, повикувајќи се на три неименувани извори од кабинетот на претседателот.
Русија, всушност, го слави Денот на мајката на 27 ноември, но Кремљ сè уште не објавил никаква средба меѓу Путин и мајките на војниците.