Десетдневна казна е изречена за рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави АФП. 
Ова е она што тој самиот гонапиша на Твитер, а беше одлучено денес од страна на судот во Москва. Иако тој оди во затвор за протест, Навални смета дека дејствувал правилно, и молкот ќе биде достоен.
Тој беше меѓу стотиците уапсени во јуни на големиот опозициски протест по апсењето на новинарот Иван Голунов.
Властите уапсија 500 лица, а полицијата прибегна кон употреба на насилство.
Потсетуваме дека казна од Кремљ Навални ја издржуваше во домашен притвор во февруари 2014 година . Според неговите зборови, тоа е политички мотивиран случај.
Во 2017 година,тој безуспешно се обиде да се кандидира за претседателските избориследната година во Русија.
