396
С.Макдонија денеска доби уште една донација во рамките на системот за поддршка и солидарност од страна на земјите членки на ЕУ.
-Станува збор за респиратори коишто се распределени за употреба на УК за детски болести и на УК за гинекологија и акушерство, а кои ги добивме од Република Словачка. Голема благодарност до заменикот министер на надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мартин Клус посебно до многу активниот амбасадор во нашата земја на Словачка н.е. Хенрик Маркуш којшто лично се вложи да сега оваа донација којашто е веќе ставена во употреба ја добие нашата држава, информираше министерот за здравство Венко Филипче.