Рабио се прости од Јувентус

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Поранешниот играч на Јувентус, Адриен Рабио, на социјалните мрежи објави порака со која се збогува со клубот и навивачите на тимот. Неговиот договор официјално истече.

Дефанзивецот одигра 212 натпревари за „бјанконерите“ од неговиот трансфер од Пари Сен Жермен во 2019 година. Тој сега е поврзуван со голем број клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Њукасл и Астон Вила, како и италијанскиот Милан.

„После пет сезони во Јувентус и пет години во Торино, сакам да се збогувам и да ви се заблагодарам на сите вас кои бевте покрај мене, клубот и целиот персонал. А особено на вас, навивачите, за вашата блискост и наклонетост. Ви благодарам за се. Јувентус Збогум и со среќа!“, напиша Рабио на својот Инстаграм профил.

Слични содржини