Кујтим Фејзулај, терористот кој го изврши нападот во центарот на Виена на 2 ноември и уби четири лица, наводно работел како чувар во една виенска болница при првото „заклучување“ на земјата со цел да се спречи ширењето на коронавруст.
Оваа информација ја дал долгогодишен познаник на напаѓачот за време на испрашувањето, кој во моментов е во притвор под сомнение за соучесништво.
Според овие наводи, Кујтим Фејзулај и еден од неговите познаници работеле како обезбедување во болница одредено време во пролетта. Тие немале договор за работа со болницата, туку со компанија за обезбедување.
Од компанијата го прашале и „дали сака да заработи дополнителни пари како чувар“, но тој одбил.
Да потсетиме, пред терористичкиот напад, Фејзулај живеел на сметка на државата, во стан платен од градот Виена.
И покрај издржувањето на затворска казна за обид да им се придружи на екстремистите во Исламската држава во Сирија, Фејзулаи за рекордно време добил субвенциониран стан.