Овие работи не би требало никогаш да ги изговорите доколку не сакате таа да избега, без разлика дали сте во врска со години или штотуку започнавте да излегувате.
1. Изгледаш уморно!
Оваа навреда е нешто што жените често го слушаат и сигурно не сакаат да го слушнат од личноста која ја сакаат. Дури и кога навистина изгледа уморно, подобро е да премолчите.
2. Ме потсетуваш на мајка ми
Голема грешка. Овие зборови немојте никогаш да изговорите доколку планирате да останете во добро односи со својата партнерка. Никој, буквално никој не сака да го слушне тоа.
3. Дали си во циклус?
Навистина ли мислите дека месечниот циклус е најголемиот проблем на секоја жена? Какво клише.
4. Твојата сестра е толку згодна!
Иако ова би требало да биде комплимтн, многу е можно вашата партнерка да си помисли дека се работи за негативен коментар кој значи дека нејзината сестра ги добила подобрите гени.
5. Се уште си гладна?
Да, гладна е и сигурна е дека тоа не е твоја грижа.
6. Зошто полуде?
Верувајте, не ни сакате да ја видите кога навистина ќе полуди.
7. Проблемот не е во тебе, во мене е
Може ли нешто пооригинално? Искреноста е најдобро решение, нема потреба од клишеа како овој.