Кога се вљубуваме, често не ја гледаме реалноста. Ова е логично, бидејќи во тие моменти почнуваме да ги гледаме работите „низ розови очила“.
Ова, се разбира, не значи дека се е во ред. Постојат знаци кои ќе покажат дека нешто не е во ред, и треба да обрнете внимание на нив, пред целосно да ви се скрши срцето.
Не се радувате на неговиот повик
Името на личноста со која сте во врска на екранот на вашиот мобилен телефон треба да ви донесе насмевка на лицето. Ако сè почесто се мрштите кога ви се јавува, нешто не е во ред.
Секогаш ги ставате неговите потреби пред своите
Во нормална врска, односот треба да биде 50:50. Ако секогаш размислувате за тоа што би сакал тој и се ставате себеси на второ место, а тој тоа мирно го прифаќа тоа, не сте во врска која е добра за вас.
Сите негови ветувања брзо испаруваат
Ако постојано ветува работи кои никогаш не се случуваат, тоа е знак дека само се обидува да ве изманипулира со своите ветувања.
Постојано наоѓате изговори за неговото однесување
За некои работи навистина има оправдување, но за некои треба да се повлече линија.
Ако барате оправдување за секое негово однесување и често се обвинувате себеси, не сте во здрава врска бидејќи тоа не е нормално.
Вашата самодоверба е во постојан пад
Добрата врска нè прави полни со самодоверба, а ако вашата постојано е во опаѓање, лесно може да се должи на фактот дека прифаќате работи кои не би требало.