Работи кои покажуваат дека имате страв од влегување во љубовна врска

од Stefanija Kuzmanovska
430 прегледи

Дали понекогаш се прашувате дали проблемот е во вас, зошто сè уште не сте ја пронашле сродната душа? Дали премногу ја почитувате својата слобода, па се плашите дека некој друг ќе ви ја наруши? Сепак, треба да го промените вашиот став и да бидете отворени за нови луѓе и предизвици.

Следните работи укажуваат на тоа дека имате страв од влегување во врска и дека тоа е главната причина зошто сте сами.

Тешко ви е да се посветите

Се плашите дека љубовната врска може да ви го одземе слободното време што го посветувате на вашите омилени активности, без разлика дали станува збор за работата, семејството, вежбање.

Сепак, тоа не мора да биде така. Вие сте тие што одредувате колку време ќе си дадете на себе и важно е да го најдете темпото кое ви одговара.

Се плашите дека ќе бидете оставени

Оставете го овој страв во минатото. Мора да сфатите дека не постојат две исти личности и понекогаш вреди да ризикувате.

Се сметатe за личност која не е подготвена да биде во врска

Сметате дека нема што да понудите на партнерот. Ова често ја гуши вашата самодоверба и ве прави несигурни. Најпрвин, посветете си време на вас пред да се впуштите во љубовна врска.

Секогаш ве привлекува „погрешен тип“

Истражувањата покажаа дека многу жени потсвесно „паѓаат“ на лоши момци баш поради стравот да влезат во врска. Следниот пат, проценете какви намери има личноста со која излегувате.

Слични содржини