Работи кои заборавате да ги исчистите, а би требало

332 прегледи

Кога чистите сигурно внимавате на кујнските плочки и тоалетот, но во овие приоритете би требало да додадете и неколку работи кои најверојатно никогаш и не ги чистите, а се прекриено со нечистотија и бактерии.

1. Држачот на четката за заби

Ова најверојатно е најгнасното место во вашата бања. Откриено е дека ова место е контаминирано со бактеријат стафилокока, која предизвикува полесни инфекции на кожата, но може и да предизвика болести опасни по животот. Истражувањата откриле и непознати бактерии поврзани со ешерихија коли.
Се препорачува држачот за четкичките да се измие со врела вода и сапун, или два пати во неделата да го перете во машина за садови.

2. Мобилен телефон

Паметните телефони цело време се со вас, а со оглед на тоа дека нивната површина е топла, се создава место идеално за бактерии. Истражувањата покажале дека стаклените површини се одлични пренесувачи на микроби.
За да го исчистите, користете марамче за дезинфекција. Само пред тоа, исклучете го телефонот и оставете го исклучен се додека површината не се исуши како би спречиле развој на бактерии.

3. Резероарот за вода во апаратот за кафе

Сигурно ги чистите едноставните површини на апаратот и држачот за филтер. Но кога последен пат сте го исчистиле резервоарот за вода?
Едно истражување покажало дека мувлата и вактриите се присутни во 500 отсто од тестираните резервоари.
За да го исчистите проверете го упатството, но се препорачува да го наполните со алкохолен оцет и да го вклучите додека барем половината не испати. Потоа измијте го со вода.

4. Чанти/ паричници

Како и паметните телефони така и чантите ве следат насекаде. Веројатно и неколкупати сте ја спуштиле на подот од јавните телети каде бактериите се во изобилство.
Според едно истражување, просечна чанта е повалкана од просечен тоалет во канцеларија.
Чистењето е во зависност од видот на чантата, но поглемиот број може да се исчисти со марамче за дезинфекција или со суво перење.

5. Клучеви

Тастатурата и клучевите се обложени со бактерии, а поголем број од луѓето никогаш не ги чистат.
Едно истражување во Америја, открило дека просечната тастатура содржи пет пати повеќе бактерии од просечен јавен тоалет.
И клучевите и тастатурата се лесни за чистење.

7. Врвките на чевлите

Врвките се наоѓаат најблиску до подот па нечистотијата од целата улица лесно се фаќа на нив. Според истражувањата, челите и врвките содржат милиони бактерии.
Чистењето е лесно. Само ги потопите во врела вода со сапун или перете ги во машина за алишта.

Слични содржини